fbpx

Стручната јавност има поделени мислења по одлуката на Катица Јанева да го повлече обвинителниот акт за предметот „Пуч“ и за можните последици на тој чекор во политиката. Според аналитичарот и екс обвинител Сотир Костов и порано се повлекувале обвиненија, но според него, овојпат, тоа морало да се случи откако судот ќе ги ценел доказите. Така и чекорот на СЈО, сега го гледа како настан кој влијае на постизборните преговори за Влада, до тој степен што Костов дава и отворена препорака.

„Да сум јас сега Претседател на државата и доколку мандатарот Никола Груевски велам хипотетички не успее да состави Влада, јас би се замислил дали на Зоран Заев би му го дал мандатот. Еве од кои причини. Нека има традиција да му се дава на втората политичка партија по мандати. Но, Зоран Заев еднаш од претседател на држава е помилуван или амнестиран и сега втор пат, запазете, не е ова некое дело клевета или незнам што, туку ова е дело против државата.“ – изјавува Сотир Костов, аналитичар

Сосема спротивно е мислењето на универзитетскиот професор Мерсел Биљаљи. Тој смета дека повлекувањето на обвинитението за „Пуч“ нема да има последици на политичката сцена, бидејќи сите чекори на Катица Јанева и така редовно се предмет на критика на ВМРО – ДПМНЕ. Дури смета дека потегот на СЈО е оправдан бидејќи Никола Груевски одбегнуваше да се појави како сведок во судница.

„Ако тие кои иницираат постапки не учествуваат активно во нив, тоа потврдува дека се работи за монтиран политички процес. Тоа е доказ дека власта не е подготвена да се соочи со тоа што постојано во јавноста се велеше дека станува збор за прислушување кое го направиле надворешни мрачни сили во соработка со внатрешни структури. Сето тоа сега паѓа во вода.“ – изјавува Мерсел Биљаљи, универзитетски професор

Предметот „Пуч“ беше отворен од страна на Јавното обвинителство со кое раководи Марко Зврлевски непосредно пред почетокот на објавувањето на „бомбите“,. Основната теза во него беше дека две лица од УБК, без знаење на раководните лица, со години незаконски прислушувале илјадници граѓани, за на крај, со дел од тие материјали, Заев да го уценува Груевски. Во предметите кои СЈО ги отвори подоцна, исто така се тврди дека незаконско се прислушувало во УБК. Но, тоа го правеле поголем број лица и тоа по наредба на највисоките раководни структури во тајната полиција.

Shpërndaj me

Loading...