fbpx

Куманово е целосно парализирано бидејќи надлежните не ги чистат улиците и тротоарите кои се затрупани со снег и мраз. Граѓаните критикуваат – велат дека локалната власт потонала во зимски сон.

„Видете какво е, никому не му текнува да ги исчисти улиците. Општината треба да преземе мерки, ама немате со кого да зборувате, немате ни каде се пожалите. Ја знаете онаа поговорка? Останавме како сираци, сами да си плачеме, а никој да не не’ земе в раце.“

„Мора. Бидејќи ако не се исчистат улиците, е тешко, како за возачите, така и за пешаците. Ама ми се чини дека не планираат да чистат. Општина Куманово мора да преземе мерки, ама како што изгледа, надлежните ги фатил зимски сон.“

„Навистина, ова е лоша состојба. Градоначалникот мора да преземе мерки за расчистување на улиците зашто вака, се соочуваме со непријатни ситуации, сообраќајки… “ – изјавуваат дел од граѓаните

Градоначалникот Зоран Дамјановски, вели дека се преземаат мерки.
Веќе речиси една недела улиците и булеварите во Куманово се покриени со снег и мраз.

Фатљум Аќифи

Shpërndaj me

Loading...