fbpx

Австралија ќе стане првата земја што ќе бара од интернет компаниите да им плаќаат на медиумски куќи за новинската содржина.

Земја ќе ги принуди технолошки гиганти како Фејсбук и Гугл да ги платат австралиските медиуми за објавените вести.

Овој принцип е според модел сличен на авторски права, а годинава ќе биде регулиран со закон, соопшти австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг.

– Тоа би било чесно за работењето на австралиските медиуми. Треба да обезбедиме подобра конкуренција, подобра заштита на потрошувачите и одржливо медиумско опкружување. Се работи за иднината на австралискиот медиумски простор, додаде Фрајденберг.

 

Shpërndaj me

Loading...