fbpx

Адвокатите на Миле Јанакиески побараа ослободителна пресуда за него во случајот „Шамари во Центар“. Во завршниот збор, одбраната рече дека не биле презентирани докази против поранешниот министер за транспорт и врски, Нивниот став во врска со „бомбите„беше дека тие се копии, а  доказ може да биде само оригинал. Дополнително се спореше и делот од обвинението каде е посочено дека, Миле Јанакиески е човек од доверба на прво обвинетиот Никола Груевски кој пребега.

„Доколку мене некој ми верува и сум му негов најблизок соработник и човек од најголема доверба, сигурно нема да ме проверува преку снимање на моите разговори а тоа таму се тврди дека оди преку УБК но не е потврдено, не е докажано“, рече Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески.

Но, Миланов додава дека со ваквата одбрана, дека најблиските соработници не се прислушуваат, не е дистанцирање на Јанакиески од Никола Груевски.

„Мислам дека не станува збор за никакво дистанцирање. Тој работел во рамки на своето министерство сето она што требал да го работи“, додава адвокатот Миланов.

Судењето за „Шамари во Центар“ започна пред речиси четири години. Двајца обвинети признаа вина, Еден е условно осуден. Против Даниела Рангелова и уште двајца, обвинението е повлечено, а Груевски е во бегство.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...