Ако има иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, изјави министерот за образование, Арбер Адеми на прашање како ќе се постапи доколку во септември има нов бран на коронавирусот со исти или полоши услови.

Тој во интервју за МИА вели дека учебната 2019/2020 година ќе заврши со онлајн-настава согласно со одлуката на Владата учениците да не се враќаат во клупите до 10 јуни и дека е задоволен од преземените мерки и од нивниот ефект.

 

Shpërndaj me

Loading...