Ако обвинението се потврди ќе поднесам оставка и ќе се соочам со тоа, изјави вечерва претседателот на Косово, Хашим Тачи во телевизиското обраќање до јавноста. Неговото обраќање следува откако минатата недела Специјалното обвинителство во Хаг го обвини за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната за независност на Косово во периодот 1998/’99 година.
Во следниве денови ќе се консултирам со политичките лидери на партиите за понатамошните чекори. Уште еднаш ве уверувам дека со правдата нема да се соочам од оваа канцеларија. Ако обвинението биде потврдено, јас веднаш ќе си поднесам оставка како ваш претседател и ќе се соочам со обвиненијата. Косово е млада држава, но неговите водачи треба да се однесуваат како вистински државници.

Shpërndaj me

Loading...