fbpx

Неконтролираната изградба на хидроцентрали на Шар планина предизвика реакција кај  многу еколошки, планинарски и ловечки здруженија.  Активистите се собраа синоќа на тетовскиот плоштад, и решија да започнат кампања против изградбата на хидроцентралите. Покрај протестите, тие велат дека ќе го следат и правниот аспект на запирање на оваа појава.

„… Да ја заштитиме Лешница и да ја вратиме во првобитна состојба. Имаше и неколку предлози од разни експерти овде, да се дејствува од правен аспект,  да бараме да се почитуваат европските конвенции и меѓународните закони за заштита на Лешница или бисерот на Шар Планина“, рече Хамди Сулејмани, иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Изградбата на хидроцентрали ризикува да се изгуби количината вода за пиење за жителите на Тетово, но исто така ја уништува флората и фауната на Шар Планина, рече Дејан Донески од планинарскиот Клуб од Скопје.

Еколошките здруженија најавија протестен марш за во недела во Лешница, Попова Шапка.

Башким Сулејмани

 

Shpërndaj me

Loading...