fbpx

Албанија ја одбележува 9-годишнината од трагичните протести на 21-ви јануари, во кои 4 лица беа убиени за време на опозицискиот митинг во Тирана. И на оваа годишнина, претставници на мнозинството во владата и членовите на семејството им оддадоа почит на убиените демонстранти. Пред девет години, тогашната социјалиситчка опозиција протестираше барајќи заминување на владата на демократите. Судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили ескалираше откако полицијата отвори оган. Социјалистите тогаш тврдеа дека станува збор за злосторство од страна на државата, но тогашната власт возврати дека се справувала со пуч.

Shpërndaj me

Loading...