Искусниот  Фернандо Алонсо, се враќа на  трките во Формула 1 следната сезона. Веста ја потврди денеска тимот на Рено, со кој Шпанецот потпиша договор. Менаџментот на  Рено, на социјалните мрежи го потврдија ангажманот на двојниот шампион во Формула 1, кој ќе го прослави својот 39-ти роденден ова лето. Инаку, Фернандо Алонсо доаѓа во тимот на Рено, како замена за Даниел Рикиардо, кој ќе го вози автомобилот на Мекларен следната сезона.

Shpërndaj me

Loading...