Фернандо Алонсо би можел да се врати во трките во Формула 1. Веста ја потврдува неговиот поранешен менаџер, Флавио Бријаторе, кој објави дека Шпанецот може да се врати во тимот на Рено, но од следната година. Шпанскиот возач замина пред две години, по 4-годишниот престој во екипата на Мекларен. Во меѓувреме, во последните две години, Фернандо Алонсо беше активен во релито „Дакар“, каде постигна доста успеси. Алонсо беше шампион во Формула 1 во 2005 и 2006 година.

Shpërndaj me

Loading...