fbpx

Специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српскиот дијалог, амбасадорот Ричард Гренел ќе допатува денеска во Косово, заедно со делегација на американската Влада предводена од извршниот директор на Американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), Адам Белер.

Патувањето е „продолжение на историскиот договор“ меѓу Израел, Велика Британија и Бахреин и „договорот за економска нормализација на Србија и Косово“, се наведува во соопштението на ДФЦ.

Гренел во оваа прилика најави започнување на спроведувањето на економските договори, што на 4 септември во Белата куѓа во Вашингтон ги потпишаа косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

 

Shpërndaj me

Loading...