fbpx

Заканите на лидерот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис дека после ратификацијата на договорот од Преспа, ќе нема да се двоуми да стави вето за Македонија при преговорите за членство во ЕУ, се нереални, коментираат дел од аналитичарите во Скопје. Експертот по европски прашања, Малинка Ристевска Јордановска смета дека ако Нова Демократија ја предводи следната грчка влада нема да биде толку остра кон Македонија поради меѓународниот фактор. Професорот Лазар Лазаров пак, смета дека ваквата реторика е за добивање на политички поени.

Сепак, Јордановска и Лазаров велат дека властите во Македонија треба да бидат добро подготвени за целосно спроведување на Договорот од Преспа и исполнување на обврските што произлегуваат од него.
Според Ристовска Јордановска, земјава треба да има долгорочна стратегија за надворешна политика со соодветни професионални капацитети. Професорот Лазаров наведува дека властите не само декларативно, туку и практично со закони треба да ги исполнат обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...