Бројните конкурси за вработување во пресрет на изборите влијаат врз исправноста на изборите, оценува Комисијата за спречување на корупцијата. Претседателката на институцијата, Билјана Ивановска вели дека доколку политичките партии продолжат да го злоупотребуваат предизборниот период со конкурси за вработување, во иднина ова прашање треба да биде регулирано со закон.

Ивановска не се сомнева дека власта може да го искористи наредниот период за промовирање на проекти, појавувајќи се со лопати и сечење на ленти.

Антикорупцијата во овој период ќе ги следи и можните злоупотреби за користење на службени возила и другите ресурси во сопственост на државните институции. Од денот кога ќе се донесе одлуката за распишување на изборите и до нивното завршување, јавните институции не смеат да започнат со изградба на нови објекти, патишта, изградба на  канализации и водоснабдување, спортски терени. Освен редовните месечни плати, институциите не смеат да плаќаат дополнителни плати и пензии, но и различни дневници. Ниту можат да отворат нови процедури за вработување, а оние што се отворени ќе го чекаат завршувањето на изборите.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...