Движењето Антикоцкање  побара од албанските партии после изборите да го условат формирањето на Владата со затворање на сите игри на среќа. Тие бараат законски решенија слични на оние во Албанија и во Косово.

„Движењето Антикоцкање  бара по секоја цена затворање на сите објекти на игри на среќа. Бараме да се изјаснете и да дејствувате сè додека не се постигне ситуацијата иста како во  Албанија и во Косово. Бараме победничкиот албански субјект да го услови парламентарното мнозинство за формирање на следната влада“, рече Јуши Емрллаху, „Антибиџоз“.

„Бараме институционални решенија и одговорност  доколку не се донесе закон за затворање на казина и обложувалници како во Албанија и во Косово. Одговорноста паѓа токму на политичкиот блок на нашето општество“, додаде Нухи Ганиа, „Антибиџоз“.

Против казината се и младите од коалицијата Алијанса-Алернатива. Тие ја обвинија ДУИ за не менување  на законот за игрите на среќа.

„… Пратениците на ДУИ го игнорираа барањето на граѓаните и предложија закон да ги задржат игрите на среќа 500 метра близу до населбите. Во меѓувреме, вицепремиерот на ДУИ Бујар Османи  даде дозвола на компанијата Макс Бет на Сашо Мијалков да отвори локални  игри на среќа. Како што вклучивме во програмата, ветуваме дека игрите на среќа ќе бидат има само во хотели со 5 ѕвезди“, кажа Лиридон Бафтиу, Коалиција на Форумот на Младите на Алијанса за Албанците.

Предлог- измените на законот за игри на среќа не беа одобрени од претходниот состав на Собранието, иако истиот предлог беше во постапка повеќе од една и пол година.

Башким Сулејмани

Shpërndaj me

Loading...