fbpx

Познато е и името на 14-тиот висок полициски функционер кој почнува со работа откако беше избран од страна на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев како дел од процесот за промената на началниците на клучните сектори во МВР. Алсат неофицијално дознава дека Антон Витков ќе го предводи Секторот за внатрешни работи во Куманово. Со ова, бројот на началници на сектори кои добија нови шефови се искачи на 7, додека само СВР Тетово останува без нов началник. Контактирана од Алсат, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска не го потврди предлогот за нов началник на Куманово, ниту пак појасни дали има нешто ново во однос на најавите за тужби кон министерот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, чија партија го предложи техничкиот министер за внатрешни работи, вели дека консултациите со шефот на МВР продолжуваат.

Иако се шпекулираше дека ВМРО-ДПМНЕ остава простор за можна соработка со две од албанските партии за размена на СВР Куманово и СВР Тетово, Мицкоски вели дека досега не биле заинтересирани за соработка. Судирите во Министерството за внатрешни работи меѓу министерот Чулев и дополнителната заменик-министерка Петровска, според него, произлегуваат од актите донесени во последните денови на мандатот од поранешниот министер Оливер Спасовски. Тој оценува дека систематизацијата на Спасовски била направена врз партиски линии.

Чулев не е поблизок со поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, отколку што се некои високи функционери на СДСМ, рече Мицкоски. Министерството за внатрешни работи стана предизборно „бојно поле“ помеѓу СДСМ и ВМРО со низа меѓусебни обвинувања за политички злоупотреби.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me

Loading...