Дали сте помислиле дека ѕвездите играат улога во тоа каква шминка ви одговара или не? Дознајте ја тајната на астролигијата- која нијанса најдобро ви прилега според вашиот хороскоски знак.

Овен
Припадниците на овој знак најубаво изгледаат со црвени нијанси кои сигнализираат страст, сила и храброст.
Бои: темно црвена, бела, портокалова и медова;
Како да се шминкате: Нанесете неутрална боја на сенка на капаците, а со црвена сенка само нагласете го окото. Ублажете го драматичниот ефект.
Одбегнувајте: светло розева боја;

Бик
На Биковите одлично им прилега зелената боја која сигнализира рамнотежа помеѓу духот и телото и претставува просперитет.
Бои: зелена, сиво-виолетова, жолта и кафена;
Како да се шминкате: Нанесете маслинаста сенка на капаците од очите и на долната ивица на капакот, а потоа размачкајте сé за да добиете ефект на „smokey eyes“.
Одбегнувајте: црвена боја;

Близнаци
Жолтата боја најдобро им прилега на жените родени во знакот на Близнаци. Бојата на светлината носи добро расположение и лесна комуникција со околината.
Бои: светло жолта, сива, зелена и бела;
Како да се шминкате: комбинирајте црна сенка со златни или жолти тонови;
Одбегнувајте: црвени нијанси;

Рак
На роматичните Ракови најдобро им прилега розова боја, а се препорачува да ја носат во период кога им недостасува љубов.
Бои: розева, тиркизна, сива и сребрена;
Како да се шминкате: комбинирајте розева и бела сенка со малку на маскара;
Одбегнувајте: црвена боја;
Лав
Портокаловата боја е моќна и која сигнализира оптимизам и енергија, тоа е бојата на лавот.
Бои: портокалова, златна, црвена, бакарна и бела;
Како да се шминкате: Нанесете портокалова сенка по линијата на капакот од окото, а со бакарни нијанси истакнете ги контури на окото.
Одбегнувајте: Пастелни нијанси;

Девица
Кралско сината нијанса е идеална за овој знак. Сигнализира мудрост, смиреност и чистота.
Бои: кралско сина, лаванда, сива и жолта;
Како да се шминкате: Обидете се да користите сина маскара и тегет сина нијанса на сенка, со што ќе постигнете ефект на „smokey eyes“.
Одбегнувајте: премногу светли бои на лице;

Скорпија
Совршена нијанса за страствените Скорпии е нијансата на вино, која означува упорност, страст и моќ.
Боја: темно црвена и виолетова;
Како да се шминкате: Користите секна со боја на црвено вино, а со седефасти нијанси нагласете ги очите;

Стрелец
Светло зелената боја припаѓа на овој знак. Сигнализира мудрост, оптимизам, авантуристички дух и толеранција.
Бои: зелена, виолетова, бела и црвена;
Како да се шминкате: Со темно зелена боја направите ефект на „smokey eyes“, а со светли нијанси нагласете ги аглите на очите.
Одбегнувајте: светло сина, темно сина и темно црвена нијанса;

Јарец
Кафената боја е бојата на Јарецот. Означува одлучност и разумност.
Боi: Кафена, темно зелена, маслинаста и црна;
Како да се шминкате: Кафената боја е неутрална па може да ја користите преку ден и во текот на вечерта. Во текот на вечерните изглегувња може да нанесете металик златни нијанси;
Одбегнувајте: жолти нијанси;

Водолија
Овој знак е роден за виолетовата нијанса, сигнализира хуманост, љубезност и ја чува заедницата.
Бои: виолетова и тиркизна;
Како да се нашминкате: Нашминкајте ги очите со темно виолетови нијанси. Оваа нијанси остава секси впечаток, уникатност и таинственост.
Одбегнувајте: основни бои;

Риби
Најдобриот избор за овој знак е бојата на морето. Оваа боја ви помага да воспоставите рамнотежа.
Бои: боја на морето, бојата на аквариумот, зелена, виолетова и црна;
Како да се шминкате: комбинирајте нијанси на зелана и црна боја.
Одбегнувајте: светли бои;

Shpërndaj me

Loading...