Според Евелин Кристил, член на Извршниот комитет на УЕФА, бараж натпреварите од Лигата на нации можат да се одвиваат без присуство на публика, дури и ако се одржат во октомври.

„Стадионите остануваат празни и за тоа ќе разговараме на состанокот на Извршниот комитет. Многу фактори влијаат на оваа одлука, додека најважен фактор е пандемијата „Ковид 19“ и колку се погодени земјите каде ќе се игра фудбалот. Тоа е сложен проблем, затоа не треба да се водиме од страста, туку да имаме вистинска одлука“, изјави Кристили, која е песимистичка за брзото враќање на навивачите на стадионите.

Состанокот на Извршниот комитет е закажан за 17 и 18 јуни, каде ќе бидат поставени точните датуми за вториот круг и почетокот на новата сезона на европскиот фудбал.

 

Shpërndaj me

Loading...