fbpx

По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека јасно потенцирал оти со Еди Рама нема слободни и фер избори. Еврокомесарот Вархеји вчера престојуваше во прва посета на Албанија откако стапи на должност.

Тој се сретна со премиерот Еди Рама, претседателот Илир Мета, а го посети и Драч, едно од најпогодените места од катастрофалниот земјотрес, што ја погоди Албанија на 26 ноември. Во меѓувреме во Тирана е соопштено дека Меѓународната донаторска конференција за Албанија ќе биде организрана на 17 февруари во Брисел.

Shpërndaj me

Loading...