Најдоцна до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека во почетокот на наредната недела сите граѓани ќе бидат информирани како ќе добиваат државна помош.

-Во текот на денов или најдоцна утре ќе се донесе уредбата за платежните картички, а се подготвува и уредбата за издавањето на ваучерите која до крајот на неделата, најдоцна во почеток на идната, ќе биде предложиме и до Владата. Подготвени сме да ги донесеме пред завршување на вонредната состојба во сабота, најкасно до петок, истакна министерот.

Shpërndaj me

Loading...