fbpx

Што побрзо враќање на патот кој ќе донесе солиден економски раст, со стапки од 4-5 проценти, достоинствени плати, создавање нови работни места, намалување на невработеноста.  Ова се дел од приоритетите на мандантната мисија на министерот за финансии Фатмир Бесими кој ги претстави денеска на прес-конференција, додавајќи дека тоа нема да биде лесно и дека состојбата е сериозна поради неизвесноста на здравствената криза и дека е можна корекција на првичните проекции за годинава за растот на економијата.

-Нашата задача е и што побрзо да се вратиме на патот, кој ќе донесе солиден економски раст, достоинствени плати, создавање нови работни места и намалување на невработеноста, предвидлива даночна политика и генерално, европска иднина тука, за нашите граѓани, рече Бесими додавајќи дека на ова се обрзал пред Парламентот и кон себе лично кога прифатил да биде министер за финансии.

Shpërndaj me

Loading...