Неколкумина бизнисмени од земјава кои имале намера да аплицираа за дел од колачот вреден 50 милиони евра, од кредитната линија на Развојната банка наменет за компаниите, се пожалија во редакцијата на Алсат велејќи дека од дел комерцијалните банки им соопштиле дека не знаат ништо за оваа владина мерка. На владината интернет страница јасно се гледа дека оваа мерка е од вториот пакет по реден број 13 и дека парите ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки.

„Развојната Банка има можност за повлекување на неискористен дел од кредитната линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка, согласно доставени барања од страна на деловните банки. Развојна банка ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно до мали и средни претпријатија и компании со средна пазарна капитализација“, велат од Владата.

Поради страв од инспекции и други несакани последици кон својот бизнис, граѓаните кои се пожалија во Алсат не замолија да останат анонимни и побараа од нас да дознаеме како е можно дел од комерцијалните банки да не се запознаени со оваа мерка. Одговори побаравме до Македонската банкарска асоцијација, но до почетокот на овие вести одговор не добивме.

Од Развојната банка велат дека биле запознаени сите банки и дека преку сите може да се аплицира. За Алсат велат дека интересот за овие кредити е огромен кај фирмите од приватниот сектор. До крајот на неделава ќе се знае точно колку фирми поднеле апликации во банките за овие евтини кредити и потоа ќе следувало процес на одобрување.

Од информациите кои денеска ги добивме од владата заклучно вчерашниот ден  на вкупно 18.559 фирми од приватниот сектор, од државната каса им биле префрлени нешто над 26 милиони евра од мерката поддршка во вид на минимална плата за работниците.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...