Ден по објавата на долгоочекуваниот трет сет економски мерки, стопанските комори без коментар пакетот е доволен за рестартирање на економијата. Од коморите велат дека мерките прво треба да се анализираат па да се коментираат…

„…третиот сет економски мерки е усогласен со стопанските комори… “, вели Фатмир Биткиќи- Советник на премиерот.

Додека коморите се уште немаат оформен став, поранешниот советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, Бранимир Јовановиќ, со критика за мерките.

„Прометот кои што компаниите предходно не го евидентирале сега ќе можат да го евидентираат без да платат данок и во иднина да избегнат плаќање на данок, така да фиктивно ќе книжат промет тој „Викенд без ДДВ“, а тоа нема да го продаваат тогаш“, вели Јовановиќ.

Дел од универзитетските професори велат дека овој сет мерки е добар, но личната потрошувачка на граѓаните не е доволна за рестартирање на економијата.

„…меѓутоа се уште главниот пакет што ќе треба да ја заздрави економија, да ја постави на прави нозе, е пакетот кои што ќе треба да содржи директна помош за малите, средните и големите извозно ориентирани претпријатија“, рече Борче Треневски- Универзитетски професор.

Според Институтот за економски анализи Фајнес Тинк, мерките ќе ја стимулираат потрошувачката, но од друга страна ефектот ќе биде краткотраен. Третиот сет економски мерки е вреден 350 милиони евра, а Владата преку него планира да ја потикне приватната и јавната потрошувачка, за да и помогне на домашната економија побрзо да ги надмине последиците од коронакризата.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...