fbpx

Првичните проценки на Владата не одговораат на реалноста. Според Владата има  5.800 самохрани родители кои треба да добијат платежни картички , но во системот на институциите регистрирани се само 370 родители од оваа категорија. Помош за да може да се најдат на список сите самохрани родители, Владата ќе бара од министерството за образование, но не ја искучуваат и можноста родителите сами да се пријавуваат за да може да добијат картичка од шест илјади денари. Ниту бројката од близу 90 илјади пасивни баратели на работа не е дефинирана.

„Калкулиравме број од 5.800 самохрани родители, но примарен систем како да дојдете до таа бројка е Министерството за  за труд а таму бројот е 370 а ние опериреме со пет илјади  Затоа ги вкрстивме податоците со министерството за образование.  Пресекот ќе биде најверојатно на денот на објавување на мерките,тие што се нашле нагде околу 85 илјади, конечните бројки ќе треба да ги видиме се тие на кои навистина им треба. Но од друга страна за самохраните имаме интересни бројки“, рече Битиќи.

Граѓаните кои сега сакаат да се пријават за пасивни баратели на работа нема да добијат платежна картичка. Владата ќе пресече до кој ден пријавените пасивни баратели на работа ќе можат да добијат платежна картичка за да неможе да се злоупотреби системот. Според Битиќи во последните доделни картички од државата кои опфаќаа активни баратели на работа, се појавиле граѓани кои од пасивни преминале во активни за да може да искористат државна помош. Финален список на граѓани кои во агенцијата за вработување се пријавуваат на секој шест месеци ќе треба да испрати Агенцијата за вработување.

Андреа Чобанова

Shpërndaj me

Loading...