fbpx

На интернет денеска беше објавена аудиоснимка со наслов „Вице даде зелено светло да запалам кола“, во која се слуша разговор помеѓу две машки лица. Објавувачот тврди дека разговорот го водат сопственикот на СВ Инвест, наводно фирма-параван на семејството Заеви со едно лице од Битола. Битолчанецот вели дека добил зелено светло да му ја запали колата на друг човек од градот кој е од редовите на ВМРО. Исто така, раскажува како во Струмица заработил пари, но некој бизнисмен, кому наводно семејството Заеви веќе му забранило да се бави со бизнисот со канабис, му останал должен. Затоа од сопственикот на СВ Инвест бара да му се исплатат пари за некоја завршена работа и со нив да си купи автомобил без документи.

Shpërndaj me

Loading...