Британскиот министер за здравство Мет Хенкок вчера изјави дека ќе мора да се вратат строгите мерки на карантин во градот Лестер бидејќи стапката на зараза е повисока во однос на другите делови на земјата.

Додека во другите делови на Велика Британија од 4 јули се ублажуваат мерките за физичко дистанцирање, Хенкок најави дека училиштата и продавниците кои не продаваат артикли од суштинска важност ќе мора да бидат затворени во Лестер и апелираше до граѓаните да не патуваат во и од градот.

– Ваквите одлуки не ги донесуваме лесно, туку во интерес на луѓето во Лестер, истакна Хенкок.

 

Shpërndaj me

Loading...