Прелетот на американски воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

-Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО . Со право и точно е дека во изминатите неколку недели нашиот најголем фокус беше на заедничјата борба против Ковид 19, но не требна да дозволиме тоа да ги замагли историските достигнувања на земјата –  влезот во НАТО и добивањето на зелено светло за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Ова беа аспирации на нашите две земји повеќе од две децении. И покрај тоа што во изминатиов период нашето внимание беше насочено кон борбата со пандемијата сепак, со овој предизвики се соочивме заедно како сојузници. Исто така САД навистина покажува  со овој начин дека е тука и го поддржува НАТО сојузот и напшиот нов сојузник. Овој прелет кој што денеска го проследивме е симбол на фазата на продлабочувањето на нашето партнерство, рече Брнз.

Shpërndaj me

Loading...