fbpx

Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнс му честиташе на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за добивањето мандат за формирање на Влада. Брнс на Твитер напиша дека очекува да соработува со новата Влада штом се формира.

„Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата кон демократските принципи, владеењето на правото и европската иднина“, напиша Брнс.

Поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски вели дека Пендаровски не погрешил кога реши да му го довери мандатот на Заев без да добие гаранција за мнозинството.

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива нема дилема за тоа дека Заев требаше да го добие мандатот од шефот на државата.

„Беше очекувано Зоран Заев да го добие мандатот. Во согласност со Уставот и член 90, претседателот му го довери мандат на Заев, кој мора да формира парламентарно мнозинство“.

И во 2016 година, на тогашните предвремени парламентарни избори, мандатот му беше доверен на Никола Груевски од претседателот Ѓорге Иванов, без гаранции за обезбедено мнозинство во Собранието.

Bojan Stojanovski

Shpërndaj me

Loading...