fbpx

Иако сè уште не е утврден датумот за билатерална средба меѓу премиерите Заев и Борисов, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да разговара за отворените прашања со Северна Македонија, исклучувајќи ја заедничката историја, тврдејќи дека тоа е задача на експертската комисија. Што се однесува до заканите дека Софија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Скопје доколку не се надминат разликите, од бугарското МНР  за Алсат рекоа  дека нивниот став останува непроменет.

„Ја инициравме Заедничката декларација на премиерите во 1999 година и Договорот за добрососедство во 2017 година. Овој договор го отвори патот за преспанскиот договор, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. За жал, спроведувањето на овој договор не е задоволително во ниту една област. Работевме напорно за да го вратиме проширувањето на агендата на ЕУ. Националната позиција на Бугарија за европската интеграција на Северна Македонија и Албанија е јасно дефинирана во Рамковната позиција, одобрена од Националното собрание“, наведуваат од министерството за надворешни работи на Бугарија.

Според усвоениот документот од бугарскиот парламент пред извесно време, Софија ќе дозволи конференцијата да се одржи доколку се исполнат условите, како што се: да се разјасни дека Северна Македонија е само политички етникум, да не се користи терминот „фашистичка окупаторска Бугарија“ и да се постигне договор за Гоце Делчев. Што се однесува до македонскиот јазик, да се користи изразот „Службен јазик на Северна Македонија“ или терминот „македонски јазик“ да се објасни со фуснота дека станува збор за дијалект на бугарски јазик, кодиран во 1944 година.

По вчерашниот телефонски разговор, премиерите Заев и Борисов изјавија дека Бугарија ќе продолжи да ги поддржува европските интеграции на Северна Македонија, изразувајќи уверување дека и двете страни ќе останат посветени на спроведувањето на Договорот од 2017 година. Ја охрабрија експертската комисија да најде заеднички решенија. По долга пауза, се очекува екипите на двете земји да се сретнат на 15-16 октомври во Скопје.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...