fbpx

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи рече дека разговарал во Берлин со високиот американски функционер Метју Палмер за економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово. Вархеи изјави дека со специјален пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, разговарале за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“ за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Претходно Вархеи во Брисел се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Европскиот комесар за проширување изјави дека имал „одличен разговор“ со Вучиќ, кој „го информирал за неговите важни состаноци и договори“ потпишани во петокот во Белата куќа.

 

Shpërndaj me

Loading...