fbpx

Граѓани ги продаваат 6000 денари вредните ваучери за туризам, кои можат да се искористат за одмор во некои од туристичките локалитети во земјава.На специјализираните интернет страниците, каде се продава се и сешто, може да се види, како се нудат и овие ваучери за цени од по 3000 и 4000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.Јавна тајна е дека наместо да одат на одмор, граѓани ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.Но оние кои Алсат ги контактираше не сакаат јавно да зборуваат за ваквата појава.

„Има некои такви барања.Секогаш имало за било кој тип на донации и ваучери или помош, да некој си искешира на некој начин, октколку да ја употреби за таа намена за тоа што е даден тој ваучер.Не сум слушнал да некој има некаде направено такво нешто, бидејки самите хотелиери не се заинтересирани за такви зделки.Тоа се многу мали зделки, за кои не вреди да се размислува“, изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

„Слушам некои работи, меѓутоа не можам да потврдам или демантирам таква работа, бидејки не ми се укажала таква прилика. Немам точна информација за тоа“, рече Стојан Брчески-менаџер на хотел.

Од организацијата на работодавачи велат дека не ги изненадуваат ваквите појави.

„Се случува да се продаваат, да се отстапуваат ваучерите. Тоа покажува две работи. Повторно наш неетички менталитет во пристапот кон оваа помош и друга работа што е посериозна е сиромаштијата на граѓаните. Тие и добиле ваучери и повторно не одат на одмор. Хотелиерите и сите во туризмот што ќе ги откупат тие ваучери повторно ќе имаат некаков приход, но трагедијата е поголема во тоа што луѓето на кои се доделени повторно нема да ги искористат“, изјави Миле Бошков, претседател на организација на работодавачи.

Бошков вели дека е тешко да се утврди кој продава, а кој ги купува ваквите ваучери.Затоа вели дека уште на самиот почеток предложиле сите граѓани да добијат ваучери за туризам, бидејки така ќе имало поголем ефект, а помали злоупотреби.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...