И во Велес како и во цела држава се брзаше пред полицискиот час. Граѓаните слободното време го искористија за прошетки, пазарење, за кафе… Велешани генерално ги почитуваа владините мерки, освен младите, кои беа групирани и не носеа маски. Жителите на Велес немаат многу забелешки за забраната за движење, но дека не требало да биде селективна.

Кој, како  сака, така се однесува, едноставно. И мислам дека ова требаше да се направи на целата териоторија на Македонија и ќе беше тогаш во ред.

Ако сите почитуваме ќе има резултати.

Генерално како што можам јас да забележам се носат маски. Помладите генерации не го почитуваат тоа многу, ама мислам дека сега повеќето веќе и носат.

Луѓето навистина треба позрело да размислуваат.

Пред маркетите немаше редови, гужвите беа внатре.

Вака е полошо. Што знам… барем така размислувам.  Има голема фреквенција на луѓе. Стануваат луѓево после и нервозни.

Како некни јавија вчера имаше беспотребни гужви сегде во сите продавници. Сите сакаа да си купат за јадење.

Верскиот празник Задушница годинава е без адетите. Градските гробишта беа празни.

На гробишта се раздава. Кога раздаваш на некого тој треба да го изеде тоа.  Да јадеш сега од друг, ми е страв.

Не одам на гробишта поради тоа што се плашам од раздавани работи. Не е поради тоа што ќе одам и ќе запалам свеќа.

Нема. Нема одење, дома ќе седиме.

И сега ми е тешко што не отидов, ама кога кажуваат наредби, мора да се почитуваат.

Во Велес денеска има еден новозаболен од вкупно 28 случаи на Ковид – 19.

Igor Stefanovski

Shpërndaj me

Loading...