fbpx

Венецијанската комисија ги повикува властите во Македонија да го разгледаат Законот за употреба на јазиците и да се консултираат со сите страни. Правните експерти од Советот на Европа подвлекоа дека во споредба со Законот од 2008 година, новиот Закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во некои случаи оди подалеку од европските стандарди поставени со Конвенцијата за заштита на малцинствата и Европската повелба за малцинските и регионалните јазици.

Поздравувајќи ја волјата на властите да се подобри јазичната состојба на заедниците, Венецијанската комисија открива дека во одредени области новиот Закон може да оди преку одредените стандарди и со тоа наметнува нереални законски обврски за јавните институции, особено употребата на албанскиот јазик на судски рочишта придружени со високи санкции во случај да не се спроведува Законот и можноста да се враќаат судските одлуки во случај да нема превод и толкување (симултан превод) на рочиштата.

Според мислењето на експертите од Венецијанската комисија, ова може значително да го забави функционирањето на целото судство и сериозно може да предизвика кршење на правото за правично судење кое е гарантирано со Меѓународната конвенција за човекови права.

Понатаму Комисијата нотира дека Законот за јазиците има недостиг на појаснувања во однос на одредбите кои се спроведуваат само за албанскиот јазик и посебно за јазиците на другите заедници.

Венецијанската комисија упатува бројни препораки за властите во Македонија, особено да се откажат од одредбите во Законот за употреба на албанскиот во судските постапки. Исто така се препорачува обврската на употреба на албанскиот јазик во институционална комуникација и внатрешна употреба меѓу административните службеници и граѓанските да се ограничи во службена писмена комуникација или неговото стапување на сила да се одложи до потребното спроведување на таа одредба кога тоа ќе биде прифатливо.

Во однос на високите казни, правните експерти на Венецијанската комисија велат дека казнените одредби треба да се одложат до моментот на амандманска интервенција, за Законот да стане попрецизен, да се намалат казните и да се претстави елементот на прекршување и принципот на пропорционалност.

Исто така ги повикуваат властите да спроведат анализа за спроведувањето на Законот од 2008 година за да се утврди влијанието на новиот Закон врз човечките ресурси и буџетот на државата.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...