fbpx

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер, Талат Џафери, даде пауза од еден час.

Мицевски ја обвини министерката за правда Рената Десковска дека не сака пред пратениците да го образложи законот за Јавно обвинителство, кој треба да се донесе по  скратена постапка.

Денешната седница, закажана за во 11 часот започна со задоцнување од половина час, а расправата започна со низа процедурални забелешки.

Прва се јави Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, којашто имаше забелешка кон спикерот Џафери дека претставник од нивната партија не бил повикан на координациите кај претседателот на Собранието, а по неа следуваа меѓусебни обвинувања на пратеници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, околу тоа кој ги одолговлекувал седниците за носење на законите.

 

Shpërndaj me

Loading...