fbpx

Парламентот на Црна Гора на седницата проследена со протести внатре и надвор од собраниската зграда го усвои законот за верските заедници за кој просрпската опозиција смета дека ќе значи одземање на имотот на Српската православна црква во таа земја. Неколкумина пратеници биле отстранети од парламентот од страна на органите на редот, но се уште не е јасно дали тие биле во притвор.

Претходно стотици приврзаници на просрпската партија Демократски фронт протестираа во Подгорица, а полицијата постави метални бариери за да спречи евентуален нивен обид да влезат во парламентот. Демонстрантите се налутени од Законот, бидејќи се бара од верските заедници да покажат доказ оти уште пред 1918 година го поседуваат нивниот имот.

Shpërndaj me

Loading...