Платежните картички на Владата граѓаните ќе ги почекаат уште најмалку еден месец. Во следниве три недели ќе се филтрираат списоците, кои граѓани ги исполнуваат условите за аплицирање за платежна картичка со која ќе може да се  купуваат единствено македонски производи. Од Владата тврдат дека картичка со девет илјади денари ќе добијат  сите невработени лица, приматели на социјална помош, или гарантиран минимален приход.

„Ќе има процес на изјаснување на самите граѓани, дали тие ги исполнуваат условите и дали ги прифаќаат евентуалните мерки. Значи, ќе биде двонасочно“, вели Фатмир Битиќи владин советник за економија.

А, брзо нема да биде ниту владината мерка „Викенд без ДДВ“, и би била најрано во септември. Од УЈП за Алсат брифираат дека се уште се утврдува како ќе се спроведува мерката, а дури потоа ќе се работи на техничкиот дел. Засега се знае, кога и да биде тој викенд, производите нема да се продаваат со пониска цена, туку граѓаните ќе треба да ја платат целата сума, па дури потоа да  чекаат поврат на ДДВ – то“.

„Само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат во неа. И само продуктите кои единствено тој ден ќе се продадат и за нив има фискална сметка влегуваат во овој пакет на мерката „Викенд без ДДВ“, додава Битиќи.

Од банкарскиот сектор кратко ни соопштија дека засега ништо не е финализирано. Не се знае дали картичките ќе стасуваат на домашна адреса или пак ќе треба да се подигнуваат од комерцијалните банки. Инаку, во третиот пакет економски мерки владата планира делење ваучери за годишен одмор во висина од стотина евра, ваучери за студенти и средношколци и пари за стопанството.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...