fbpx

За време на викендот ќе започне новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија, во која ќе се натпреваруваат 12 екипи. Натпреварот што ќе ја отвори новата сезона ќе се одигра утре, каде актуелниот шампион Вардар ќе го пречека Борец на стадионот „Тодор Проески“. Дерби на првато коло се игра во недела, на стадионот во Чаир, меѓу ФК Шкупи и Шкендија. Во другите натпревари, Македонија Ѓорче Петров игра против Работнички, Беласица се среќава со Силекс, Ренова игра против Струга Трим Лум, а Пелистер против Академија Пандев. Сите натпревари започнуваат во 17 часот и 30 минути.

Shpërndaj me

Loading...