Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу е позитивен на корона вирус, еден ден откако соопшти дека бил во контакт со заразено лице.

„По спроведениот тест околу можноста за заразување со Ковид 19, ВЕ ИНФОРМИРАМ дека сум ПОЗИТИВЕН. Жал ми е за сите вас/оние со кои сум имал контакт. Од оваа позиција, уште еднаш АПЕЛИРАМ, ВИ СЕ МОЛАМ за грижа, заштитни мерки и почитување на препораките“.

И претставници на СДСМ и на Владата продолжуваат да се самоизолираат по нивниот контакт со потпретседателот на партијата Мухамед Зеќири и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кои беа позитивни на корона вирусот. Во самоизолација ќе бидат владиниот советник, Фатмир Битиќи и директорот на Службен весник, Мартин Костовски.

 „После вчерашните вести за позитивниот тест со Ковид 19 на Сања Лукаревска и заради средбата што ја имав со неа минатата недела, од утрово по предлог на епидемиолозите, јас сум во самоизолација до 12 јуни“.

 „Направив тест за Ковид 19 заради контакт со мојата пријателка Сања Лукаревска, која е позитивна на вирусот. За среќа, немам никакви симптоми и се надевам дека нема да бидам позитивен“.

По контактите со Зеќири и Лукаревска, техничкиот премиер Оливер Спасовски, директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска се исто така во самоизолација.

Mefail Ismaili

Shpërndaj me

Loading...