Правото за носење  на уредба со датум за избори, владата го црпи од основот што во државата е прогласена  вонредната состојба поради корона вирусот, смета поранешната судијка во судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска. За ставот на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски дека ниту во Изборниот законик ниту во Уставот не пишува дека владата може да носи Уредба со датум за избори, вели дека во Уставот нема ниту одредба за техничка влада па во моментов таквата влада е единствениот орган кој може да носи одлуки, бидејќи Собранието е распуштено.

„Не станува збор за носење на уредба со која што ќе се распишат избори, без разлика што станува  збор само за одредување на датата. Овој проблем треба да се гледа во корелација со веќе превземените активности кога е одредена претходната дата да се извршат изборите“, вели Маргарита Цаца Николовска – судијка.

До крајот на третата вонредна состојба остануваат помалку од десеттина дена. За ова време во јавноста се очекува и трета лидерска средба на која би можело да падне консензус за изборниот ден. Во меѓувреме и денеска во СДСМ со став дека се за избори на 21 јуни, од ВМРО-ДПМНЕ крајот на август, албанските партии бараат избори со консензус.

Весна Велкова

Shpërndaj me

Loading...