fbpx

Владата донесе одлука Оливер Спасовски да раководи со нов оперативен тим кој ќе се бори против криминалот и корупцијата. Целта според Владата е да се задоволи правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото, но и сега.

Во оперативниот тим освен Спасовски, ќе бидат и министерката за правда Рената Дескоска, заменикот во МВР Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, директор на Царината, Ѓоко Танасоски и управители на неколку други институции.

А, денеска со папка полна документи самиот министер Спасовски се појави во Антикорупсиската комисија. Побара од нив детално да испитаат дали тој има некаква врска со неодамна отворената бензинска пумпа Пинк Петрол во Куманово, како што тврди опозицијата.

„Еве, дојдов денеска сам и доставив допис со барање да се испита комплетно целиот овој случај на инволивраност, мојата состојба, потекло на имотот на мене, на моето семејство и да се утврдат аргументите и фактите заради тоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и на еден ваков начин да се врши дискредитација на одредена личност“, рече министерот Спасовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека бензинска станица само на хартија е во сопственост на таткото на еден советник за односи со јавност на Оливер Спасовски, а во реалноста тоа е негов капитал кој наводно бил спечален на незаконски начин. Но и оваа информација Спасовски ја негираше.

Сепак, тој потврди дека неговиот советник е навистина газда на пумпата, но негираше дека лицето работи во неговиот кабинет како советник. Инаку, на отворањето на бензинската пумпа во Куманово присуствуваше голем дел од раководството на СДСМ и високи владини претставници.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...