fbpx

Вицепремиерката за економија Мила Царовска уверува дека мерките на Владата не се задоцнети. Тврди дека дел од уредбите од третиот пакет економски мерки ќе биде усвоен и претставен пред граѓаните следната недела.

„Не велам дека сите уредби ќе се усвојат наредната недела. Тоа е тековно, тоа е еден развоен план, кој си има своја динамика и имплементација уредба по уредба или мерка по мерка или закон по закон“-изјави Мила Царовска, вицепремиерка за економија

Но, опозицијата е на став дека Владата пропуштила цел еден месец помош за граѓаните и стопанството, затоа што мерките, според нив, почнале да важат од месец април. А, велат март е комплетно заборавен иако тогаш почна кризата, многу фирми затворија и огромен број работници останаа дома.

„Во месец мај помош за месец април добија 17.813 правни лица или компании со вкупни 110 илјади вработени, што е за два и пол пати помалку од тоа што беше предвидено со уредбата…“-рече Анастасија Илиеска, ВМРО-ДПМНЕ .

Од Алијанската за Албанците пак ја обвинуваат владата за регионална дискриминација на населени места со Албанци. Нивните пресметки се дека Охрид добил 12 пати повеќе средства од Струга од пакетот бескаматни кредити за приватниот сектор, односно околу 25.000 евра, наспроти речиси 300.000 евра за Охрид.

„Затоа, Алијансата за Албанците ја повикува Владата и особено министерот за економија од редовите на ДУИ, наместо да ја користи Струга да за пропаганда, нека го стори спротивното“-рече Илире Даути, Алијанса за Албанците .

Вкупната вредност на трите пакети економски мерки надминува 600 милиони евра. Опозицијата тврди дека доколку се укине вонредната состојба и се распишат изборите, исплатата на парите за граѓаните во предизборие, ќе биде класичен поткуп.

Иле Петрески

Shpërndaj me

Loading...