fbpx

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди денеска дека Македонија ќе добие покана за членство на самитот на 11 и 12 јули, но ќе се зачлени само откако ќе завршат сите процедури за спроведување на спогодбата за името. На заедничката прес-конференција во Брисел со премиерот Зоран Заев, Столтенберг рече дека врз основа на досегашната пракса, преговорите за членство во Алијансата траат една или една и пол година.

„Проблемот со името долго време беше сенка во регионот, го спречуваше просперитетот и безбедноста, но сега има шанса за посветла иднина. Очекувам на нашиот самит за две недели шефовите на државите и владите да ве поканат да започнете преговори за членство и кога ќе завршат сите процедури во рамките на државите за да го финализирате договорот, вие ќе се приклучите на НАТО. Без финализирање на договорот, вашата земја не може да влезе во НАТО. Ова е историска можност која не може да се пропушти. Вратата на НАТО е отворена, вие сте пред врата“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Премиерот Заев ги повика граѓаните да гласаат позитивно на референдумот кој треба да се одржи на есен за договорот за името да биде финализиран. Планирано е Македонија да биде 30-тта земја членка, а Заев дури рече дека видел каде ќе биде поставено и нашето знаме.

Пред средбата на Заев со Столтенберг, генералниот секретар на НАТО вчера се сретна и со грчкиот премиер. Алексис Ципрас повторил дека Владата во Атина ја поддржува интеграцијата на земјава во НАТО, но само влезе во сила договорот за името.

Анеса Салиу

Shpërndaj me

Loading...