fbpx

ВМРО – ДПМНЕ одново предупредува дека постои можност да објават детали за случајот „Рекет“ кои јавноста не ги знае. Дали ќе бидат објавени сознанијата кои ги има опозицијата, зависело од судскиот расплет на „Рекет“. Дека во Белата палата, наводно свиркач доставил искази за случајот, тврдеше лидерот на паријата уште лани во септември. Денеска и потпретседателот на партијата, Александар Николовски порача дека можно е да објават детали за случајот.

„Доколку судот не постапува онака како што треба, односно не ја врши својата работа во насока на сериозно расчистување на аферата „Рекет“, како што посочи и потпретседателот Николовски, дека ќе излезат најверојатно некои нови документи. За какви документи се работи јас немам сознанија“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Но, освен закани од опозицијата околу вистината за „Рекет“, предупредување осамна и на Фејсбук страницата на згаснатата 1ТВ, каде како неформален сопственик се јавуваше Боки 13.

„Целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за предметот Рекет. Како беше онаа позната реплика… Вистината е како шило. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен Рекет“, се наведува на фејсбук страницата на 1ТВ.

Нема информација кој ја уредува Фејсбук страната на 1ТВ и кој

го напишал предупредувачкиот статус со фотографија од Бојан Јовановски. Веб страницата е сè уште активна иако последна вест на неа е објавено на втори ноември пред полноќ. Како регистрант на веб страницата е впишан татко му на Боки, Миле Јовановски, а сајтот е валиден до 15 февруари годинава. Судењето за „Рекет“ продолжува веќе в четврток. Ќе сведочи поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова. На обвинителна клупа останаа Боки 13 и Катица Јанева додека Зоран Кичеец призна вина и доби три години затвор.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...