fbpx

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ со обвинувања против СДСМ и поранешниот премиер Заев за хаосот во образованието. Според ВМРО ДПМНЕ, во пресрет на почетокот на новата учебна година, владата на СДСМ и Зоран Заев е целосно неспособна да го спроведува образовниот процес, додавајќи дека таквата неефикасност и хаос организиран од владата мора да заврши.

ВМРО-ДПМНЕ нуди решение од 10 точки за следната учебна година во случај состојбата со коронавирусот да продолжи со ова темпо. Меѓу другото, ВМРО-ДПМE бара часот со физичко присуство на учениците да трае 20 минути и учениците да бидат поделени во групи, училиштата да можат да работат во три смени, еден наставник да предава само во една паралелка и да се обезбедат компјутери и Интернет за секоја училница

Министерството за образование реагираше додавајќи дека решението со 10 точки на ВМРО-ДПМНЕ е копија на стратегијата што веќе ја состави Министерството за образование и која е на разгледување во Комисијата за заразни болести.

Конечната одлука за тоа како ќе започне новата учебна година 2020-21 година ќе биде објавена најдоцна до 10 август.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...