fbpx

ВМРО – ДПМНЕ ги замрзна односите со претседателот Стево Пендаровски. Ваквиот став на партијата го соопшти лидерот, Христијан Мицкоски, по средбата во вила Водно каде ВМРО ДПМНЕ не добил прецизен став по кој основ е доделен мандатот на Зоран Заев за составување влада без да обезбеди мнозинство. Мицкоски тврди дека доколку лидерот на СДСМ не состави влада, тој нема да го земе мандатот без обезбеден 61 пратеник.

„Доколку во тој момент не успеам да обезбедам 61 пратеник односно мнозинство во парламентот, да нема да го земам. П: Но, доколку успеавте а рековте дека ќе ги замрзнете односите со Пендаровски? О: Да точно од денска ги замрзнуваме односите… П: Значи нема да го подигнете? О: Подигнувањето на мандатот е на поинаков начин и тоа е сосема поинаква форма на комуникација помеѓу институциите“

Веднаш по средбата, реплицираше Пендаровски. Објасни дека само Заев му се јавил и му пренел дека има шанси да направи влада. Никој друг од останатите партиски лидери не го информирал дека има можности да стигне до мнозинство. Тврди дека не може мандатот да го чува во фиока и дека Уставот му наложува истиот да го даде во рок од десет дена. Пендаровски е убеден дека доколку Заев не успее, веданш Мицкоски по истекот на 20 дена рок, ќе дојде по мандатот иако ги замрзнал односите со претседателскиот кабинет.

„Околу замрзнувањето на односите со Претседателот, нивно легитимно е право е. Ако мислат дека така треба да постапуваат слободно нека постапуваат. Демократија е, јас не сум тој кој што од надвор ќе им кажува што ќе прават како политичка партија. Инаку, ако ме прашувате за проценка мислам дека е потег инициран од некои внатрешно партиски причини и да одговорам на вашето прашање, ако Заев не направи влада за 20 дена јас ве уверувам дека Мицксоки на истекот на тој рок ќе дојде од сабајле овде да го бара мандатот иако односите му се замрзнати“

Мицкоски не исклучува дека доколку никој не успее да дојде до мнозинство на повидок се нови парламентарни збори. Но, за Пендаровски овој процес е сложен. Според него, прво Собранието треба да се распушти со 61 глас. А доколку ова е невозможно, на власт ќе остане техничката влада предводена од Оливер Спасовски.

Bojan Stojanovski

 

Shpërndaj me

Loading...