fbpx

Инспектори на Управата за јавни приходи констатирале дека ВМРО – ДПМНЕ должи пари за кампањата на Гордана Силјановска иако наменски отворената сметка на партијата за плаќање на фактурите за претседателските избори била затворена.

Од УЈП брифираат дека истражувале фирми од кои опозицијата набавувала маици, капи, пенкала запалки. ВМРО – ДПМНЕ склучила договор со фирмата „Полиестердеј“ и требало да и плати над половина милион евра во рок од два месеца. Платиле само 185 илјади евра, а останале должни околу 370 илјади евра. Фирмата „Полиестердеј“ пак роба набавувала од шпанска фирма и од компанијата „Монт“ на бизнисменот Орце Камчев каде има долг од 320 илјади евра. Случајот го истражува и МВР.

 

Shpërndaj me

Loading...