fbpx

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски ветува силна битка со криминалот и корупцијата. Рече дека основно ветување во програмата „Обнова на Македонија“ во делот на владеење правото е испитување на потеклото на капиталот на сите политичари и на оние кои се занимавале со јавни функции во изминатите 30 години.

„Секој што ќе вработи млад човек до 29 години нема да плаќа придонеси, односно давачки, затоа што сега работодавач да даде плата од 20.000 денари на работникот, уште  10.000 денари дава давачки на државата, за пензиско, здравствено, персонален данок итн. Наша идеја е овие 10.000 денари да ги скратиме да не треба да ги дава работодавачот на државата, барем половина да ги даде во половина плата за младите  а со другата половина да се отвораат, нови работни места за да ни останат младите во државата“.-рече Александар Николовски, носител на ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ.

Shpërndaj me

Loading...