fbpx

Со приближувањето на изборите, двете најголеми партии ги интензивираат судирите околу Договорот од Преспа. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев апелира до ВМРО ДПМНЕ да се откажат од заканите за поништување  на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека договорот е дел од Уставот и сите треба да го почитуваат. Заев ја повикува ВМРО ДПМНЕ да не си игра со толку сериозни работи што можат да ја испровоцираат Грција, еден од најважните сојузници за европската иднина на земјата.

Владо Мисајловски повтори дека доколку ВМРО ДПМНЕ на изборите во април освои мнозинство  двотретинско мнозинство  во Собранието, ќе го ревидира договорот од Преспа, но дека тоа нема да ги спречи интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, и странските инвестиции.

Договорот од Преспа стави крај на две деценискиот спор меѓу Скопје и Атина околу прашањето за името, прашање кое како заложник  ја држеше земјата во евро-атлантските интеграции.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...