fbpx

Само десет отсто од корисниците на владината мерка „Мој ДДВ“ ќе добијат поврат на средства од државата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. За опозицијата, ветениот поврат на овој данок завршува како вистинско фијаско за власта бидејќи, наместо сумата од предизборното ветување од  500 евра годишно, граѓаните ќе може да добијат само по околу 1.000 денари по тромесечје.

Од Министерството за финансии велат дека 16.600 граѓани веќе добиле поврат на ДДВ, а исплатени биле вкупни 21 милион денари. До крајот на идната недела се очекува да бидат исплатени сите граѓани кои скенирале фискални сметки, но за првото тромесечје. На месечно ниво над 180 илјади граѓани скенираат сметки, а сумата која ќе ја добијат зависи од висината на сметките кои што ги скенирале.

 

Shpërndaj me

Loading...