fbpx

ВМРО-ДПМНЕ размислува да започне уставна иницијатива за давањето на мандатот за формирање на Владата на лидерот на социјалдемократите Зоран Заев. Според оваа партија, претседателот Стево Пендаровски, сериозно го прекршил Уставот во моментот кога му го даде мандатот на Заев, иако тој не покажа дека обезбедил парламентарно мнозинство. Од оваа партија велат дека наскоро формалната иницијатива ќе ја достават до Уставниот суд и оти потоа на овој орган му преостанува да го заштити Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ги замрзна односите со претседателот. Во четвртокот, кога Пендаровски му го предаде мандатот на Заев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со неговите заменици отидоа во Водно и побараа објаснување од шефот на државата врз основа на што му го дал мандатот токму на Заев. По средбата, Мицкоски го обвини Пендаровски дека е алатка во рацете на СДСМ. Претседателот одговори дека не може да го чува мандатот во фиока зашто Уставот бара тој да го додели мандатот во рок од 10 дена откако ќе бидат верификувани мандатите на пратениците.

Anesa Salihu

Shpërndaj me

Loading...