Во Вашингтон се засилува присуството на војската. Како што пренесуваат странските агенции, во подрачјето околу градот се мобилизирани околу 1600 војници за во случај на потреба, да можат да ја поддржат полицијата со оглед на протестите кои не стивнуваат.

Воената полиција и посебните единици се во состојба на готовност во случај да притреба нивна поддршка, изјави портпарол на Министерството за одбрана на САД, а преместувањето на војниците го наредил министерот за одбрана Марк Еспер.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави дека би можело да ангажира илјадници тешко вооружени војници за да ги оконча безредијата на маргините на мирните протести, кои започнаа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, жртва на насилна полициска интервенција.

Извор: DW

Shpërndaj me

Loading...